| четврток, 6 декември 2018 |

Нема плажа годинава? Нема проблем, јак секс паѓа и дома

seks

Не се сите доволно среќници за да ги испробаат позите на плажа или некаде одмарајќи далеку од дома, но тоа не значи дека и во вашиот кревет, под или маса, не може да биде забавно.

Пред се, посветете доволно внимание и време на подготовките – релаксирајте се во када, средете ја косата, телото, едноставно поработете на вашата самодоверба, сето тоа проследено со пријатна музика.

Домашна плажа

Зошто домот да не ви биде плажа? Облечете бикини, мачкајте се меѓусебно со лосион со мирис на кокос кој ќе ве потсети на мирисот на плажа, пуштете некоја летна музика и направете си ледени коктели.

Хотелска соба

Што прво гледате кога ќе влезете во хотелската соба? Огромната спална, убаво наместена, која едноставно ве повикува на секс, а тука некаде е и огромното огледало. На перниците ставете по некое чоколадно бонбонче или цвет и ќе добиете впечаток како да не сте дома.

Купка со меурчиња

Наполнете ја кадата со пенлива купка со мирис на јасмин, запалете неколку свеќи и подгответе два големи, бели и меки пешкири. Ако немате када, застанете под тушот и испробувајте нови пози.

Маратон

Додека сте на одмор, може да си дозволите да се излежувате во кревет и по цел ден. Водете љубов и останете во кревет цел ден. Јадете во кревет, спијте, водете љубов. Не е важно по кој редослед

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top