Звучи предобро за да биде вистиниото… Чоколада што помага при губење на вишокот килограми. Се работи за чоколадата „лола“, 100 проценти природен производ, со 70 проценти какао. Содржи две активни состојки, микроалгата спирулина и билката грацинија гамбоџа (Garciniа cambogiа).
Спирулина е микроалга, многу богата со витамини и со микроелементи. Содржи есенцијална аминокиселина фениланин, која го поттикнува лачењето на хормонот колецистокинин од дигестивниот тракт, кој дејствува невротрасмисиски испраќајќи сигнали до центарот за ситос во мозокот.
Исто така, спирулината е добар извор на хранливи влакна и силен антиоксиданс.
Грацинија гамбоџа (Garcinia cambogia) е билка богата со активната состојка хидроксицитрат, која го поттикнува согорувањето на калориите, го намалува апетитот и го подигнува енергетското ниво во организмот. Исто така, ја спречува и липогенезата – претворањето на внесените јаглехидрати во масти.
Тука е и „лола сензитив“, чоколада која ја подигнува виталноста и издржливоста. Ја содржи билката Мака, цимет и роза. Билката Мака е позната како природен еликсир и афтодизијак. Ги урамнотежува хормоните, ги ублажува симптомите во менопауза и теговите кај ПМС, го зголемува либидото кај мажите и жените и делува како антидепресив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




