Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за жени претприемачи во следниот неколкумесечен период ќе го реализира проектот за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и информатичка технологија, со цел да им помогне на оние кои бараат вработување или почнуваат сопствен бизнис.
Со проектот ќе бидат опфатени жените и младите лица до 40 години кои сакаат да стекнат знаења, професионални способности и вештини за ИТ вештини, започнување, водење, одржување и развој на бизниси и вработување. Од досегашните анализи, како што соопштува Општината, во делот на обуките за личен и професинален развој, констатирано е дека постои недостаток на обуки за професионален развој, водење на кариера и самовработување. Се согледува потребата од обуки кои би дале насоки за подготовка на идните кандидати за вработување или самовработување. Подготовката на учесниците во овие обуки, директно ќе им отовори многу нови можности за вработување, додека на компаниите да постигнат поголем напредок во нивниот бизнис.
Со проектот ќе се придонесе кон развојот на регионот на Општина Кисела Вода и директно ќе влијае на намалувањето на невработеноста и индиректно на поголемо задоволство на граѓаните од заложбите на општината Кисела Вода да овозможи спроведување и реализација на проектот. Со тоа се реализира и целта за обезбедување на компаниите на потребен кадар за имплементација на своите идеи, да остварат значајни контакти и да се збогатат со нови соработки, а се зголемуваат и шансите за експанзија и развој на претпријатијата од регионот. Сето ова индиректно би ги подобрило и индикаторите на целокупната економска активност во државата.
Проектот ќе се реализира во периодот март-мај 2013 година, со циклус обуки за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и ИТ, организирани од експерти од овие области. Носител на проектот е Општина Кисела Вода со финансиска контрибуција од 200.000 денари, а реализатор на проектот е Фондацијата “Центар за жени – претприемачи” од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


