| четврток, 6 декември 2018 |

Место кошеви се редат тетоважи од четници кај Дарко Миличиќ (фото)

Српскиот кошаркар Дарко Миличиќ продолжи да реди тетоважи од припадници на четничкото движење и се помалку да мисли на кошарка.

Миличиќ ја покажа новата тетоважа, но не откри за кој лик се работи и кој ќе му прави друштво на Никола Калабиќ на стомакот на некогашниот НБА член на Детроит, Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота и славниот Бостон селтикс.

мили

Дарко беше еден од најталентираните центри во Србија во новиот милениум, но поради незгодниот темперамент не успеа да направи кариера во согласност со талентот и квалитетот.

дарко

Кошаркарските фанови го паметат и по пцостите и на вредите кон италијанскиот судија Ламоника и неговите соработници по поразот од Грција на Европското првенство во Шпанија пред 7 години.

 

Фото: kurir-info.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top