| четврток, 6 декември 2018 |

Тагата на еден татко:Господине Путин, се надевам можете да се погледнете во огледало

Холанѓанецот Ханс Де Борст, татко на девојката Елсемијек де Борст (17) која загина при пад на малезискиот авион во Украина, упатил отворено писмо на рускиот претседател Владмир Путин во кое го обвинува за смртта на својата ќерка.

ханс

Ханс на  интернет го објави писмото во кое навел што неговата ќерка планирала да прави откако ќе го завршела средното училиште. Во писмото го обвинил Путин и проруските сепаратисти на истоткот на Украина дека го уништиле нејзиниот живот.
ханс 2

-Господине Путин, благодарам на водачите на бунтовниците во Украина, бидејќи ја убија мојата единствена ќерка, најдрагата Елсемијек. Неа просто веќе ја нема. Се надевам дека се гордеете бидејќи е уништен еден млад живот и дека можете да се погледенете во огледало – напишал ожалостениот  Холанѓанец.

ханс3

Неговата ќерка патувала на одмор во Малезија со своето семејство, мајката, полубратот и очувот.

-Елсемијек следната година тебаше да ги полага завршните испити, заедно со најдобрите пријателки Јулија и Марина. Беше одличен ученик. После тоа сакаше да студира – пишува во писмото на тажниот татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top