СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т Д. (20) од Струмица, за сторено кривично дело дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години и Ш.Ј. за кривично дело помагање.
Во с.Банско-Струмичко, пријавените откако пресретнале 13-годишно девојче, насилно ја внеле во патничко возило „опел вектра“ и ја однеле во куќа во Струмица каде Т.Д. извршил полови дејствија врз девојчето, а потоа со такси возило ја вратил и ја оставил во близина на нејзината куќа.
Од страна на судија во претходна постапка на Т.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


