| четврток, 6 декември 2018 |

Со најдобра фотка до карти за „Лавфест“

Љубовната револуција која од 7 до 9 август ќе ја окупира Врњачка Бања наречена „Лавфест“ (Lovefest), се сели во Македонија. Како единствен македонски претставник на фестивалот на кој ќе настапат ѕвезди од целиот свет, како Марк Најт, Ерик Приц, и Кени Ларкин, диџејот Гоце САФ го објави повикот до сите инстаграмџии кои сакаат со него да одат на големиот љубовен фестивал на Балканот
Правилата се едноставни: фотографирајте се , поставете ја сликата на „Инстаграм“ со хаштаг #lovefest или #lovefestmk и бидете дел од натпреварот. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени со карти за „Лавфест“ и можност да го доживеат ова наверојатно љубовно искуство
Инстаграмџии, ја почнуваме љубовната револуција! Сите заедно, одиме на „Лавфест 2014“ – порачува Саф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top