| четврток, 6 декември 2018 |

Дик Адвокат е нов селектор на Србија

Искусниот холандски тренер Дик Адвокат за холандските медиуми објави дека се договорил фудбалскиот сојуз на Србија за испразнетото место селектор на сениорската репрезентација.

– Ми се исполни желбата да бидам повторно селектор на некоја репрезентација. Србија има добар интернационален состав и целта ќе биде пласман на европското првенство во Франција 2016 година – изјави Адвокат.

Тој веќе бил селектор на бројни репрезентации, почнувајќи од Холандија во 1994 со која се пласираше во четвртфиналето на светското првенство во САД. На местото селектор на Белгија остана една година кога поднесе оставка за да се пресели во Русија и да го води националниот состав. Со Русија имаше забележителни резутати и без проблем се пласираше на европското првенство пред две години, но таму не успеа да ја помине групата и доби отказ од руската фудбалска федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top