Осумнаесетгодишно момче било удрено од автомобил вчера околу 9 часот на бул. „Македонско-косовска бригада“ . Во него удрило патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со непознати регистарски таблички, управувано од непознат граѓанин Пешакот се здобил со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле тројца пешаци, тројца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи без возачка дозвола, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 12 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 11 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.