Седумкратниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер кој на почетокот на годината настрада за време на скијање брзо закрепнува и веќе комуницира со семејството со поместување на очните капаци. Кон крајот на следниот месец би можел да биде пуштен на домашно лекување, но и понатаму ќе му биде потребна постојана лекарска грижа, пишуваат светските медиуми.
Неговата сопруга Корина минатиот викенд се заблагодари на бројните навивачи кои се со него уште од првиот ден.
– Големата награда на Германија е совршена можност на сите да им се заблагодарам на добрите желби и позитивната енергија која ја испраќате на Михаел. Вашето внимание не „турна на земја“. Убаво е да сме заедно во вакви тешки моменти. Сега не чека фаза која може да трае долго време, порача Корина.
Шумахер во моментот е во болница во Лозана каде што е префрлен од Гренобл откако се разбуди од повеќемесечната кома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.