| четврток, 6 декември 2018 |

Следи заладување, од четврток повторно многу жешко

leten-dozd-8-520x318

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе биде поизразена во попладневните часови.

На места ќе има изолирана појава на невреме проследена со град и со силен ветер и со силни изразени електрични празнења.

Во вечерните часови ќе има извесно стабилизирање на времето, односно преодно стабилизирање на времето и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

До крајот на неделава ќе преовладува сончево и претежно посвежо време со повремени врнежи од дожд особено во попладневните часови кои ќе бидат проследени со ретки грмежи. Од четврток температурата ќе биде во постојан пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top