| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најголемите закани на човештвото?

43874011053cd0dcb4851e401878632_640x425

Дали човечкиот вид треба да се плаши од некоја непозната опасност која доаѓа од вселената, или нашиот најголем непријател лежи во нас?

Секоја деценија во човештвото е одбележана со некоја криза. Секоја криза со себе носи и извесна опасност и закана. Андреас Сендберг од Институтот за безбедност на човештвото во Оксфорд за британскиот „Гардијан“ ги извоил петте најголеми опасности кои му се закануваат на човекот. Тој на листата не ги набројува природните катастрофи. Според неговото мислење, тие, колку и да се опасни, не можат да го „збришат“ човештвото од земјата.

Нуклеарна војна

Досега нуклеарното вооружување двапати било употребено во воени цели, а последиците кои се уште видливи во Хирошима и Нагасаки предизвикуваат страв во коски. Но, мала е веројатноста да се случи нукеарна војна.

– Кризата во Куба опасно се доближи до нуклеарната војна. Ако претпоставиме дека таков настан се случува на 69 години, и само третина од таквите настани може да доведе до вистинска војна, тогаш шансите таква катастрофа да се случи е еднаш во 200 години – смета Сендберг.

Последиците од ваквата војна би биле катастрофални и би се чувстувале со децении.

Пандемија предизвикана со генетски инженеринг

Болестите кои во минатото го косеа човештотово однесоа повеќе жртви, отколку сите светски војни заедно. Заради тоа тие престатвуваат голема опасност. Еволуцијата не поднесува паразити кои ги убиваат своите домаќини. Она што претставува опасност се болести кои ги создаваат луѓето, смета научникот.Иако моментно ризикот за ширење на некоја опасна зараза на светско ниво е на многу мала, тој ризик, со тек на време ќе се зголеми.

Суперинтелигенција

Интелигнецијата е моќна работа. Дури и мал напредок во решавање на проблемите може значително да ја смени играта. Достигнувањата во вештачката интелигнеција сами по себе не се лоши, но луѓето често, дури и по грешка, може да ги насочат кон лоши цели. Не може да знаеме колкав ќе биде скокот во еволуцијата. Се верува дека во еден момент луѓето нема да може да го држат чекорот со забрзаниот технолошки развој.

Нанотехнологија

Нанотехнолгијата, наједноставно речено е процес на контролирање на материјата со атомска прецизност. И тука нема ништо лошо, но проблемот е во тоа што со развојот на оваа технолгија е се поголема веројатноста за нејзина злоупотреба.

Непознато

Стравот од непознатото е познат на сите.  Секогаш треба да сметате дека таму некаде има нешто со кое не сме запознаени и тоа може да претставува потенцијална опасност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top