За да се спречи прераното ејакулирање, постојат неколку трикови.
Мастурбирање
– Издржливоста на вашиот партнер во кревет ја продолжува мастурбацијата – тврди секс терапевтката д-р. Емили Морс од Америка.
Неговата возбуда и страст малку ќе се смират, што значи дека ќе издржи подолго. Многу е важно само тоа да не го направи пред самата средба со партнерката туку во текот на денот. Со овој метод мажот може да научи да си ја контролира страста, а со самото тоа и времето на ејакулација.
Предиграта без допирање
– Иако предиграта ја започнувате истовремено, мажите многу побрзо доживуваат оргазам од жените, па поради ова понежниот пол би можел прв да започне со предиграта – тврди д-р. Морс.
Кажете му на партнерот дека прво сакате само да ве набљудува додека се самозадоволувате, а потоа да се пушти во акција. Така ќе бидете во предност, што значи дека и поголема е шансата да свршите во исто време
Пауза
Прераниот оргазам ќе го спречите и со повремени паузи за време на сексот.
– Во жарот на страста едноставно запрете за момент и смирете се. Возбудата ќе спласне, па сексот ќе трае подолго – препорачува д-р. Морс.
Позата „каубојка”
– Мажите ретко бараат помош околу сексуалните проблеми од срам. Меѓутоа, тоа е прилика за нивните партнерки да ја преземат контролата – вели д-р Морс.
Најдобро е да поразговарате со нив и да ја дознаете причината, а се додека не најдете трајно решение можете да си играте во кревет. Секс позата во која жената е горе помага за подобра контрола на пенетрацијата, а одличен додаток се и специјалните кондоми кои го намалуваат триењето. Со ова ќе ја спречите прераната ејакулација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


