| четврток, 6 декември 2018 |

Со исхрана против ПМС

Исхраната збогатена со намирници кои изобилуваат со железо и цинк може да ги ублажи симптомите на предменструалниот синдром (ПМС), пишува „American Journal of Epidemiology“

woman-eating-salad-at-cafe

Кај испитаничките кои внесувале повеќе железо и цинк забележани се просечно за третина помали изгледи за ПМС, утврдено е во текот на десетгодишното истражување на американските научници од Универзитетот Масачусетс Амхерст.

Извори на железо и цинк се месото и многу видови овошје и зеленчук.

Истражувачите веруваат дека железото и цинкот можат да ги редуцираат болките и емоционалните симптоми поврзани со ПМС поради своето влијание на зголемување на присутноста на серотонин во мозокот.

ПМС погодува од осум до 15 проценти од жените во репродуктивната возраст.

Во новото истражување учествувале околу 3.000 испитанички, а се покажало и дека зголеменото внесување на калиум е поврзан со потешките симптоми на ПМС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top