| четврток, 6 декември 2018 |

Се дооформува Парламентарниот институт

12022013135211_delovnik sobranieСобранието на Република Македонија соопшти дека е извршен избор на трите раководни позиции на Парламентарниот институт и дека претстои заокружување на последната фаза за оформување на Парламентарниот институт.

Членовите на Управувачкиот совет на Посебната организациона единица – Парламентарен институт на Собранието заедно со партнерите во проектот – претставниците на донаторот Швајцарската канцеларија за соработка (СДЦ) и на имплементаторот на проектот, Националниот демократски институт, вчера одржаа состанок на кој ја разгледаа Информацијата за процесот на селекција на државни службеници за трите раководни позиции на Парламентарниот институт и Предлог-одлуката на генералниот секретар на Собранието за избор на кандидат за државен советник – раководител на Парламентарниот институт.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на состанокот на Управувачкиот совет присутните ги изнесоа своите оценки и препораки, а потоа и согласноста за предложениот кандидат за раководител на Парламентарниот институт, како и за раководителите на Секторот за општи анализи и евроинтеграции и Секторот за едукација и за комуникација/за истражувачка библиотека и за законодавна архива.

Констатирано е дека претстои заокружување на последната фаза за оформување на Парламентарниот институт, селекцијата на 22. службеници веднаш по спроведување на локалните избори 2013 година, по што Парламентарниот институт ќе отпочне со работа, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top