
Јули и понатаму го задржува трендот на променлив месец. Неделата која што е пред нас,понеделнички ја започнуваме со вистинско летно време. Но, веќе во ноќта кон вторник нé очекува нова промена на времето. Истата ќе ни донесе нов бран на нестабилно и врнежливо време.
Вторник, според Метеопро во најголем дел од денот ќе помине во претежно облачно време, проследено со врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со врнежи и засилен ветер. Утрото ќе биде потопло во однос на понеделник. Максималната температура ќе биде пониска во однос на претходниот ден, но останува во границите помеѓу 28°С и 34°С.
Среда ќе биде посвежа во однос на вторник, со максимална температура помеѓу 26°С на повисоките населени места и 33°С на југот на Повардарие. Во текот на денот повторно се очекува променливо и претежно облачно време, проследено со дожд и грмежи. Повторно, локално се очекува поинтензивен дожд проследен со електрични празнења и ветер.
Според Метеопро, во четврток температурата ќе има тренд на мал пораст во однос на среда. Денот воглавно ќе донесе постабилно време со услови за сосема локализитан дожд.
Во петок продолжува трендот на слаб пораст на температурата. Максималната ќе биде во границите помеѓу 29°С и 35°С. Попладне повторно се очекува локален дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


