Овошјето и зеленчукот им се потребни на сите, иако многумина не можат да си дозволат редовно да ги купуваат и да ги конзумираат овие здрави намирници. Од друга страна пак, секојдневно се фрла повеќе од 1,2 милиони тони храна.
Во ѓубре завршува сето овошје и зеленчук кое нема совршен облик како „грди“ на пример компири, портокали, морков, јаболки, кои ако немаат правилен изглед или не се доволно убави за да бидат ставени во излог се фрлаат.
Еден француски супермаркет нашол решение за овие овошки, кои се исто така здрави како и тие со правилна форма. Тие овие зеленчуци и овошја ги продаваат со попуст до 30 отсто. Во маркетите се прави сок со цел да им се покаже на купувачите дека ќе го добијат истиот квалитет.
Вака францускиот маркет сака да им укаже на своите купувачи на важноста во борбата против фрлање храна во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.