| четврток, 6 декември 2018 |

Го одбивала сопругот седум недели за секс, а потоа добила маил со сите нејзини изговори

seks so zenata

Маж желен за секс и испратил на сопругата на службениот маил попис на сите нејзини одбивања кога тој побарал да бидат интимни, а при тоа ги навел и нејзините изговори.

Очигледно дека му дошло преку глава откако во текот на седум недели дури 27 пати се обидел да води љубов со сопругата, а при тоа успеал само три пати да ја убеди.

Во изговорите ги цитира нејзините коментари:

„Гледам серија (реприза на „Пријатели“, „Се потам и се чувствувам одвратно. Морам да се истуширам (тоа не се случило до следното утро)“, Се обидувам да гледам филм (заспала по 15 минути), „Препив“, „ Се прејадов“, „Мислам дека се разболувам“, „Преморена сум“, „Гледам серија, не сакам да пропуштам нешто“….

Пописот на интернет го објавила лично сопругата, а при тоа партнерот го нарекла „незрел“. Во описот напишала: Вчера утро, додека бев во такси на пат кон аеродром, сопругот ми испратил порака на службениот маил поврзан со мојот телефон. Никогаш не го направил тоа, и секогаш комуницираме во живо или преку СМС. Го отворив и видов дека станува збор за саркастична остра критика во која повеќе или помалку пишува дека нема да му недостигам во следните десет дена колку ќе бидам отсутна. Во него беше атачиран и попис на сите обиди кога сакал да иницира секс од 1 јуни заедно со сите мои изговори со цитати.
Таа исто така додала и дека сопругот не и се јавил откако и го испратил маилот.

Објавата во меѓувреме ја заклучила, но предоцна затоа што фотографијата брзо се проширила на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top