Непознати лица некаде по полноќ пукале врз седиштето на партијата Нова демократија во Атина, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Според полицијата истрелите биле од пушка „калашњиков“, бидејќи на местото се пронајдени девет чаури.
Реонот веднаш бил блокиран, а одделот за борба против тероризам започнал истрага.
Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу изјави дека куршум бил пронајден и во канцеларијата на премиерот Андонис Самарас, нагласувајќи дека целта на напаѓачите била токму просторијата на премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.