Добре Добрев најголемиот дарител на храмот “Св Александар Невски” во Софија, попознат како просјакот дедо Добри, денес полни 100 години, соопшти Бугарската национална телевизија.
Откако се дозна дека во 2009 година тој донирал на патријаршиската катедрала над 35 илјади левови, неговото име се се поврзува со најголемата донација од физичко лице во над 100-годишната историја на храмот.
Старецот кој често е нарекуван и светец од село Бајлово, живее крајно аскетски во своето родно село и ги одбегнува сите јавни настапи. Покрај напредната возраст тој продолжува секој ден да патува или оди до Софија и и да проси за да собере пари пред вратите на храмовите на цркви и манастири. Се проценува дека низ животот донирал вкупно околу 80 илјади левови, или 40 000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.