| четврток, 6 декември 2018 |

Овчаријадата на 3-ти август во Маврово

На 3-ти август на падините на Бистра, Маврово и оваа година ќе се одржи манифестацијата Ден на одгледувачите на овци и кози под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Регионалното здружение на одгледувачи на овци и кози од западна Македонија, Општина Маврово и Ростуша, Факултетот за земјоделски науки и храна и Националниот парк Маврово.
На традиционалната манифестацијата која се одржува по деветти пат ќе се одржат натпревари во молзење и стрижење овци, потоа ќе има изложба на соеви овци, презентација и изборна најдобро сирење, и изложба на шарпланински кучиња. На оваа сточарска манифестација ќе се престават сточари од сите градови на Македонија. На крајот на заеднички ручек сите гости ќе бидат почестени со овчарско гравче со јагнешко месо зготвено во казан.
Лулзим Фејзулаи, претседател на регионалното здружение на сточари ги демантираше написите во одредени медиуми кои известија дека овчаријадата се одржа во саботата на 19-т јули. Тој потврди дека во договор со сите организатори, оваа година големата манифестација на сточарите ќе се одржи на 3-ти август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top