Зголемената фрекфенција на возилата кои транзитираат во државата не предизвикува подолги задржувања за влез и излез на граничните премини, освен на граничниот премин Богородица каде што возачите за премин на македонската страна чекаат околу 40 минути.
На грчката страна, за излез од Македонија се чека и повеќе од половина час.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.
Според информациите на АМСМ зголемена фрекфенција се очекува вечерва кога граѓаните се враќаат од викенд, особено на патот од Охрид до Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.