Тим од руски научници во четвртокот започна истражување на големата дупка во земјата што ненадејно се отвори во еден од најизолираните делови на северот на Русија.
Станува збор за кратер со дијаметар од околу стотина метри, што се појави на полуостровот Jамал во северен Сибир, што на јазикот на локалното автохтоно население значи „крајот на светот“.
Руските научници, по собирањето на податоците, откриле дека кратерот го предизвикал растот на температурата, а не метеор, како што првично се претпоставуваше.
Една од членовите на експедицијата, Ана Курчатова, смета дека кратерот го предизвикала мешавина од вода, сол и гас што предизвикала подземна експлозија, а додава и дека станува збор за последица од глобалното затоплување што предизвика алармантно топење на мразот што се наоѓа под површината.
Јамал е еден од најголемите руски и светски наоѓалишта на природен гас. Кратерот беше откриен во близина на гасното поле Бованентски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.