Петмина се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајната несреќа која синоќа во 1.30 часот се случила на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Според СВР-Тетово, автомобил марка „рено лагуна“ удрил во 17-годишниот велосипедист А.Ќ., а потоа изгубил контрола и се забил во ореово дрво покрај патот. Со автомобилот управувал 23 годишниот Б.И. од селото Пршовце.
Со повреди се здобиле велосипедистот, возачот како и трите сопатници во автомобилот на возраст меѓу 17 и 23 години. Повредените веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница. Возачот на „реното“ и неговиот сопатник А.И. поради сериозноста на повредите итно биле пренесени на скопските клиники. Сите други повредени лица по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување, пишува „Дневник“.
Според првичните сознанија на тетовската полиција, причина за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина на возилото. Вкупната материјална штета се проценува на 80.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


