| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска песна на новиот албум на Жељко Самарџиќ

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ утрово пристигна во Прилеп, а  вечерва ќе го затвори овогодишнениот „Пивофест“. Тој беше единствениот изведувач во овие четири дена кој максимално ги испочитува новинарите одржувајќи прес-конференција и одговарајќи на сите нивни прашања.

Во Македонија не е добро да бидеш храбар и да пееш и играш. Далеку прочуено е дека Македонците се најдобри во тоа. За прилепскиот Пивофест слушав дека е еден од најдобрите фестивали во цела екс Југославија и ми е чест што вечерва конечно ќе настапам пред македонската публика – истакна Самарџиќ.

Самарџиќ го најави својот нов албум на кој вети дека ќе биде објавена и неговата омилена македонска песна „Нели ти стига мојата младост“.

Освен Самарџиќ во Прилеп вечерва ќе настапат Урош од Икс Фактор, Маид Хечимовиќ во придружба на Либеро бенд и Емина Јаховиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top