| четврток, 6 декември 2018 |

Не ја сакаат поради големите гради (ФОТО)

Манекенката Хејли Клосон (19), којa во модниот свет влезе на 15 години, што многумина го сметаа за прерана возраст, признава дека сега нема работа, бидејќи нејзиното тело помина низ пубертетот. Иако пред четири години, беше една од главните на модните писти на ревиите на „Диор” и „Келвин Клајн”, откако има вистински женски облини не е добредојдена на модните ревии.

Таа вели дека модната индустрија едноставно не знае што да прави со неа по пубертетот.

66355_profimedia0088183658_630x0

Клосон за „Диор“ на 16 години

За ревија мора да бидете со детинест изглед и се разбира, многу слаби. Тоа го правев кога имав 16 години, но сега кога не кратам од оброците, никој не сака да работи со мене – вели Клосон.

Манекенката вели дека ги сака своите облини и „мевце“ и дека е полна со самодоверба, без разлика што во светот на модата ја сметаат за дебела.

66357_profimedia0196778334_630x0

Клосон денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top