| четврток, 6 декември 2018 |

Стрелков: Малезискиот авион беше полн со трупови

Командантот на проруските сили, озлогласениот Игор Стрелков, изнесе бизарна верзија на случувањата, во која тврди дека телата на летот биле мртви со денови пред да полета.

Malaysia Airlines plane crashes in eastern Ukraine

Во прорускиот портал „Рускаја Весна“, Стрелков тврди дека телата не биле „свежи“, дека во нив немало крв и дека веќе мирисале поради распаѓањето. Со тоа сакал да каже дека целата работа е наместена бидејќи патниците биле мртви со денови пред полетувањето. Рекол дека во авионот е пронајдена голема количина на крвен серум и лекови. Но, тоа не е необично бидејќи на летот имало експерти за Сида кои патувале на конференција.

Форензичарските наоди ќе покажат колку ова е точно – вели Стрелков, кој веднаш по соборувањето на „боингот 777″ со 298 луѓе, се пофалил на „Фејсбук“ дека извеле уште една успешна операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top