Брачна двојка од Ријека доживеале непријатно изненадување откако во новоотворен киоск во хрватска Жабица купиле неколку кутии цигари. Кога следниот ден со првата шолја отвориле една кутија, наместо цигари, внатре имало свиткано тоалетна хартија.
– Кутијата беше уредно завиткана во целофан, продавачка ја стави во кесата заедно со дгите кутии, не се посомневавме во ништо. Кога наутро со кафе ќе ја отворите скапо платената кутија цигари, планирате да пушите, а ние попушивме – вели сопругата за „Нови лист“.
Нивното искуство го споделиле со пријателите на „Фејсбук“, каде шточ и други се пожалиле на слични случки. Во киоскот, пак, одбиле да им ги вратат парите, со образложение дека купувањето не се случило во нивна смена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.