| четврток, 6 декември 2018 |

Отсега ќе може да купувате на Фејсбук

Одговорните од компанијата објавија дека почнале да го тестираат копчето за купување (buy), опција која ќе им се допадне на сите бизнис корисници, бидејќи целта е да ги насочи продажбата, односно купувањето индивидуалците или преку фан-страните на компаниите.

fejsbuk

Со ова копче, луѓето ќе можат да кликнат на рекламите или постовите споделени од фан-страните на компаниите и директно да го купат тоа што им е потребно, без да го напуштат Фејсбук – се вели во официјалното соопштение.

Ваквиот чекор беше претходно навестен од компанијата, која не е единствена чии планови се насочени кон купување преку социјални мрежи. И Твитер неодамна објави дека експериментира со копчето за купување, кое ќе има слична опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top