| четврток, 6 декември 2018 |

Шакира е најпопуларна личност на Фејсбук – има 100 милиони фанови

Познатата пејачка Шакира е најпопуларната личност на Фејсбук, со повеќе од 100 милиони посетители. Ова беше објавено на сајтот на магазинот Варајети. Шакира стана најпопуларна благодарение на песната „Ла Ла Лa“ (La La La) која беше посветена на Светското првенство во фудбал, во Бразил.

sakira-usp

 

Таа денеска во знак на благодарност на своите фанови, на најголемата социјална мрежа, објави видео-колаж од своите клучни моменти од 2008 година, кога отворила интернет страна на Фејсбук. За само еден час видеото го лајкнале 162.000 луѓе, додека пак спотот „Лa Лa Лa” на Јутјуб го посетиле 236.000.000 пати.

„Социјалните мрежи, особено Фејсбук и други уметници ми помогнаа да го премостиме просторот помеѓу бината и публиката“ напишала Шакира.

Твитер го користат многу помалку луѓе отколку Фејсбук, но Шакира на оваа мрежа за размена на крати пораки ја следат 26,1 милиони луѓе. Шакира објавува многу слики на Фејсбук и секојдневно ги лајкнуваат милиони луѓе. Најпопуларна слика е кога позира на Маракана во пресрет на Светското првенсство во фудбал. За четири дена фотографијата ја посетиле 3,5 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top