| четврток, 6 декември 2018 |

Киев: Имаме релевантни докази дека Руси го собориле авионот

Украинските власти денеска соопштија дека располагат со „релевантни докази“ оти малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина, бил соборен од ракетен систем со кој управувале руски државјани.

voznemiruvacki-fotografii-09

– Имаме релевантни докази дека овој терористички чин е извршен со помош на Руската Федерација. Знаеме дека тимот на (ракетниот) систем бил составен од руски државјани, изјави раководителот на украинската контраразузнавачка служба Виталиј Најда.

Тој воедно побара од Русија да и ги достави на Украина „имињата на луѓето од тимот“, кој според него го соборил авионот, со цел да може да бидат сослушани од украинските власти.

Во исто време, проруските сепаратисти ги отфрлија обвинувањата на Владата во Киев дека се обидуваат да ги уништат доказите на местото на падот на малезискиот авион во источна Украина.

Лидерот на сепаратистите од Доњецк, Александар Бородај изјави дека „не чепкале“ на местото каде се урна авионот, отфрлајќи ги тврдењата на Киев дека „терористите, со помош на Русија, се обидуваат да уништат докази за меѓународно злосторство“.

Бородај ги офрли и обвинувњата за премествање на тела на загинатите, но нагласи дека ако продолжи да се одолговлекува почетокот на меѓународната истрага за несреќата, сепаратиситте ќе бидат приморани да ги преместат телата бидејќи поради топлото време тие веќе почнале да се распаѓаат.

– Ако одлагањето проодлжи, го задржуваме правото да ги однесеме телата. Ја молиме Руската Федерација да ни помогне да се справиме со овој проблем и да испрати експерти, рече Бородај.

Тој воедно ги обвини украинките власти дека не се заинтересирани за објективна истрага за падот на авионот, па затоа и го одологовлекуваат почетокот на истражната постапка.

Бородој ги негираше и тврдењата на шефот на украинската служба за безбедност Валентин Наливајченко дека украинските и проруските сили се договориле за формирање безбедносна зона околуместото на кое се урна авионот.

Во врска со тврдењето на портпаролот на Советот за безбедност на Украина, Андриј Лисенко дека „црните“ кутии од малезискиот „боинг 777“ се уште не му се предадени на Киев, Бородај изјави дека сепаратистите досега не ги ни пронашле.

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека „црните“ кутии од авионт биле пронајдени.

Инаку, во Киев денеска пристигнаа група експерти од Малезија со цел да обезбедат помош во истрагата за падот на авионот на „Малезијан ерлајнс“, при чие уривање во четвртокот загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top