| четврток, 6 декември 2018 |

Русија возвраќа на американските санкции

russia-usa

Москва презеде соодветени мерки како реакција на новите американски санкции кон физички и правни лица од Русија, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

Како што јави ИТАР-ТАСС, руското Министерство за надворешни работи на својата интернет страница објави листа на 12 американски државјани на кои им се забранува влез во Русија поради „кршење на основните човекови права и слободи“.

Според Министерството, Американците на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со измачување на приведени лица во американските затвори Абу Граиб во Ирак и Гватанамо на Куба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top