Вработените во македонските фирми не можат да се пофалат со својата услужливост. Тие се меѓу најнеуслужливите во регионот. Најновото истражување на хрватската агенција Хераклеа” за основните елементи на квалитетот на услугите во шест земји во регионот Македонија ја сместува на претпоследното, петто место. Во соработка со агенциите за тајно купување годинава е направено шестото истражување во Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Црна Гора, кое покажува дека повторно на врвот е Словенија, а најнељубезни, најнамрштени и нанеуслужливи остануваат продавачите во Босна и Херцеговина.
Квалитетот на услугите е мерен според пет елементи: поздрав, утврдување на желбата на купувачот, познавање на производот, нудење на дополнителен производ и благодарност за посетата. Констатирано е дека речиси половина од вработените во македонските фирми не им велат “благодарам” на потрошувачите за нивната посета и тука се најлоши во однос на колегите од регионот. Но, затоа, најдобро од сите го познаваат производот што го нудат, а како и колегите од останатите земји, најмногу потфрлаат во нудењето дополнителен производ. Од македонските продавачи 75,88% на муштериите им велат добар ден или довидување, а во тоа полоши од нив се само Босанците.
На врвот без промени од минатата година. На прво место на табелата на Хераклеа” е Словенија, иако со нешто помалку бодови. Србија годинава го зазема второто место и ја истурка Хрватска на третото. На четврто место е Црна Гора, на петто со вкупен скор од 65,49% е Македонија, а залепена на дното и годинава останува Босна и Херцеговина.
Тајните купувачи во периодот од 9 до 22 јуни посетиле речиси 800 различни објекти како автомобилски салони, банки, бензински пумпи, супермаркети, туристичко-угостителски објекти и мали продавници во сите држави. Вкупно гледано, најуслужливи биле вработените во автосалоните, исто како и лани. Услужливоста на вработените во супермаркетите се подобрува, но исто како и претходната година, тие остануваат на дното на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст