| четврток, 6 декември 2018 |

Кари со сезонски рекорд во НБА од 54 поени (видео)

Стефон Кари одигра брилијантен меч за Голден стејт против Њујорк, но и рекордните 54 поени сезонава во НБА, не му помогнаа на тимот да слави победа во „Медисон Сквер гарден“. Никси победија со 109-105, а Кари постигна по 27 поени во двете полувремиња. Бекот на Голден стејт не можеше сам против Њујорк, иако одигра неверојатно. Особено беше добар во ударот за три поени и од 13 обиди даде 11 тројки, што е трет скор во историјата на НБА. Од него повеќе тројки на еден меч имаат уфрлено само Даниел Маршал и Коби Брајант. За гостите од Сан Франциско поради суспензија не настапи центарот Дејвид Ли. Kај Њујорк најефикасен беше Кармело Ентони со 35 поени, Џеј Ар Смит даде 26, а Тајсон Чендлер го искористи отсуството на Ли и имаше импресивни 28 скока, со 16 поени.

 

Кевин Дурант имаше одличен настап за Оклахома во победата над Њу Орлеанс од 119-74. За неполни три четвртини, Ол-стар крилото прокнижи трипл-дабл од 18 поени, 11 скока и 10 асистенции.

 

Резултати: Њујорк – Голден стејт 109-105, Оклахома – Њу Орлеанс 119-74, Мемфис – Далас 90-84, Хјустон – Милвоки 107-110, Орландо – Сакраменто 101-125, Кливленд – Торонто 103-92, Вашингтон – Детроит 95-96, Сан Антонио – Феникс 101-105 (пр.), Јута – Атланта 91-102, Портланд – Денвер 109-111.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top