| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Државата во Љубаништа ќе експроприра само 18 хектари по пазарна цена

Camp_Ljubanista_beach

ВМРО-ДПМНЕ како реакција на интервјуто на владиката Тимотеј за 24 Вести денеска соопшти дека државата ќе експроприра само 18 хектари од комплексот Свети Наум по пазарни цени.

„Сега се експроприра сосема мал дел од земјиштето. Се експроприраат само 18 хектари од  вкупно 2.770 хектари земјиште од комплексот Свети Наум Охридски кои со денационализација и се вратија во сопственост на Дебарско-кичевската епархија со која раководи владиката Тимотеј. Ова  значи дека државата ќе откупува по пазарна цена, и таа пазарна цена и се плаќа на Црквата. До тие пари Црквата може каде сака да купи земјиште и да си го чува, затоа што цената на откуп е по пазарните цени.
Експропријацијата како можност ја има и се користи во секоја демократска земја, кога станува збор за јавен интерес. Туристичките развојни зони се јавен интерес во нашето законодавство“, се вели во соопштението.

Претходно Митрополитот Тимотеј првиот човек на Охридско-дебарската епархија тврди – црквата нема да отстапи ниту педа од црковното земјиште во Љубаништа.

– Не постои цена со која може да се плати црковниот имот – вели владиката Тимотеј во интервју за 24 Вести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top