– Се ќе потоне ако на него направите дупка, а јас мислам дека морате да бидете многу храбар за да кажете такво нешто. Луѓето во минатото го кажале тоа и подоцна зажалиле, рекол Палмер.
Титаник 2 го гради кинеска компанија, а идејата за вакво нешто се родила минатата година, непосредно по одбележувањето на стогодишнината од големата трагедија што се случи на 15 април 1912 година. Бродот ќе биде луксузен како и оригиналниот, но во него ќе биде содржана технологијата на 21 век со најнови системи на навигација и безбедност. Бродот ќе плови по северната хемисфера а првото патување од Англија до Северна Америка е закажано за крајот на 2016 година.
Интересен е податокот дека патниците исто како и на оригиналниот Титаник ќе бидат поделени во три класи, и тие од пониските класи нема да може да се мешаат со другите патници. Сите ќе добијат облека од почетокот на 20 век за да што е можно повеќе да се почувствува атмосферата на тоа време. На бродот ќе нема интернет и телевизија, но ќе може да посетат кино, казино и шопинг центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.