| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе во трка за дури осум Ем-Ти-Ви награди

Пејачката Бијонсе оваа година е во трка за дури осум Ем-Ти-Ви музички награди, меѓу кои и за спот на годината, за најдобар женски вокал и за најдобра кореографија, јави Би-Би-Си.

Нејзината песна „Drunk in Love“ во која настапува со сопругот Џеј Зиј, е во конкуренција за најдобра песна, каде противкандидат e „Happy“ од Фарел Вилијамс.

За спот на годината се борат и Иги Азалеа и Чарли Екс-Си-Екс со својот хит „Fancy“, Сиа со нејзината „Chandelier“ и Мајли Сајрус со „Wrecking Ball“.

Постхумниот хит на Мајкл Џексон „Love Never Felt So Good“ е во трака за најдобра кореографија. Овогодишното доделување на Ем-Ти-Ви наградите ќе се одржи на 24 август во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top