Водачот на навивачката група на фудбалскиот клуб Партизан, се бараше по меѓународна потерница затоа што е првоосомничен за претепувањето на 28 годишниот Французлин Брис Татон на 17 септември 2009 година во центарот на Белград пред натпреварот Партизан – Тулуз. Татон бил претепан од навивачи хулигани, а десетина дена подоцна почина во болница.
Прелиќ најпрво се криел во Хрватска и во Црна Гора, а потоа заминал во Холандија и Белгија. Одреден период минал и на Косово.
Сега судските власти во Србија ќе треба да донесат одлука дали ќе има повторена постапка против него. Во првото судење тој беше осуден на казна затвор од 15 години. За истиот случај казна затвор издржуваат уште 14 други лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.