Руското Министерство за одбрана утврдило активност на украинските радиолокациски станици (РЛС) на денот на несреќата на малезискиот „Боинг“ и ги посочи локациите во Украина од каде било можно да се урне авионот, јави ИТАР-ТАСС.
Според Прес-службата на Министерството, маршрутата на авионот и местото на неговото паѓање се наоѓаат во зоната на прецизно гаѓање на две украински батерии на противракетни комплекси со голем дострел С-200 и три батарии противракетни комплески со среден дострел „Бук-М1“.
– Руските радиотехнички средства на 17 јули регистрираа активност на радиолокациската станица 9с18 „Купола“ на батаријата „Бук-М1“, сместена во реонот на селото Стила, на 30 километри јужно од Доњецк, се прецизира со соопштението на Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.