| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца поранешни припадници на Армијата на БиХ обвинети за воени злосторства врз Хрвати

Двајца поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина се обвинти за воени злосторства против цивили од хрватска националност во регионот Коњиц, јави ХИНА.

bosna-mostar-stari-most-veze

Јавното обвинителството на БиХ покрена обвиненија против Расим Хандановиќ и Елмедин Каушевиќ, поранешни припадници на специјалната единица „Зулфиќар“, под сомнеж за тортура на брачната двојка босански Хрвати во селото Грабавица во 1993 година.

Хандиновиќ веќе одлежа казна затвор од пет и пол години за учество во злосторства во селото Трусина, каде припадници на „Зулфиќар“ во 1993 година убија 22 босански Хрвати. Тој тогаш доби релативно мала казна бидејќи се договорил со Обвинителството да сведочи против неговите соборци.

Врз основа на неговото сведочење, поранешниот припадник на босанската армија Един Џеко беше осуден на 12 години затвор.

По завршување на војната во БиХ во 1995 година Хандиновиќ и Џеко емигрирале во САД, но американските власти ги екстрадираа во Сараево по барање на босанските правосудни власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top