1. Мисијата е успешно извршена
Мажите сакаат да се наметнуваат и да имаат чувство дека добро си ја завршиле задачата – на работа, во фудбалска игра со пријателите, а особено во креветот. Со оглед на тоа што сексот не гарантира оргазам за жената, вашиот оргазам е објективен доказ што потврдува дека е вешт меѓу чаршавите.
2. Воајерско задоволство
Женскиот оргазам е проследен со грчење на мускулите, извиткување на грбот, грицкање на усните и заруменување на различни делови од телото. Сето тоа е моменти што го возбудуваат и дополнително му го зголемуваат сексуалното задоволство. Со други зборови: вашиот оргазам го храни и неговиот оргазам.
3. „Стенкањето“ го возбудува
Вашите воздишки се како едноставен систем за наводнување што го насочува каде треба да бакнува, да грицка и да ве допира, а кои делови треба да ги избегнува. Воскликот од задоволство при оргазмот ќе го забрза и неговиот. Нема да му пречи ни тоа што соседите прислушкуваат.
4. Оргазмот ве зближува и ве усреќува
По оргазмот мозокот се топи во окситоцин – материја што го подобрува расположението и не прави среќни и емотивно поврзани. Тој исто така знае дека сексуалното задоволство се крие во размената, па среќен е само кога и вие сте задоволени.
5. Вие имате супермоќ
Ретки се жените што можат да постигнат повеќекратен оргазам, но сепак се работи за способност што е резервирана само за понежниот пол. Да, поради тоа се љубоморни, но и импресионирани од вашите телесни можности. Вашето тело е тајна што сакаат детално да ја истражат. Дозволете им.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.