| четврток, 6 декември 2018 |

„Гордост и предрасуди“ – забава посветена на Џејн Остин (галерија)

Во „Четсворт хаус“ (Chatsworth House) во Дербишир, Англија вчера се одржа забава посветена на Џејн Остин насловена како „Гордост и предрасуди“. Поводот е одбележување на 201 година од објавувањето на познатото дело. Сите гости на забавата, најчесто обожаватели на ликот и делото на Остин, дојдоа облечени како ликовите од романот.

article-2690455-1F9B7D3000000578-921_470x797-383x650

Инаку, и местото на одржување не е случајно одбрано. Се работи за куќата каде што познатата писателка ја пишувала една од своите најпознати книги.

article-2690455-1F9B7DB400000578-802_964x875-650x589

Така, девојките беа облечени во долги фустани со четриаголен отвор и пуфнасти ракави, најчесто изработени од муслин. Дел од нив имаа и долги ракавици. Мажите, пак, беа отмени и ги носеа т.н „велингтон чизми“ до колена, со перфектни свилени вратоврски, елеци и костуми.

article-2690455-1F9B7DB000000578-264_964x623-650x420

Сите што биле дел од овој костумизиран бал платиле билети по цена од 100 евра.

article-2690455-1F9B7D7400000578-554_470x797-383x650

Џејн Остин ја посетила „Четсворт хаус“ во 1811 година додека ја пишувала „Гордост и предрасуди“. Се верува дека за време на престојот се инспирирала и за изгледот на Пемберлеј, резиденцијата на јунакот на новелата, господинот Дарси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top