| четврток, 6 декември 2018 |

Жените во ЕУ мора да работат 59 дена повеќе од мажите

Просечната разлика меѓу платите на мажите и жените во ЕУ е 16,2 отсто, што значи дека жените мора да работат просечно 59 дена повеќе отколку мажите за да заработат колку и нив, покажуваат податоците објавени денеска од Европската комисија

MBA-Program-For-Working-Women

Комисијата ги објави овие податоци по повод Европскиот ден на еднаквоста на платите во ЕУ, кој „не потсетува на нееднаквоста во платите со кои се соочуваат жените во ЕУ“, се наведува во соопштението на еврокомесарот за правосудство Вивиен Рединг.

Таа истакна дека „принципот на еднакви плати за еднаква работа е впишан во европските договори од 1957“.

Бројката од 16,2 отсто претставува просек утврден за 2010 година во целата ЕУ. Комисијата истакнува дека таа значи благо намалување на нееднаквоста во платите на жените и мажите бидејќи претходните години се работело за 17 отсто и малку повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top