Вчера попладне околу 18.30 часот во с. Свидовица, Струмичко, во куќата на К.Г.(45), две непознати лица побарале од мајката на К.Г. да им даде клуч од влезната врата на првиот кат од куќата, под изговор дека се од Скопје и треба да го прочитаат електричното броило во ходникот.
Откако добиле клуч, влегле во куќата, го отвориле прозорецот и веднаш го вратиле клучот. Потоа преку отворениот прозор, влегле во куќата, извршиле пребарување и одзеле 3.000 евра и 10.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


