| четврток, 6 декември 2018 |

Хејгл: САД нема да му диктираат на светот што да прави

Ветеранот од војната во Виетнам, Чак Хејгл, кој денеска положи заклетва за нов министер за одбрана на САД, вети дека ќе ги обнови старите американски сојузи и оти ќе формира нови, но без САД да му диктираат на светот што да прави

27022013215309_чак хејгел
– САД не можат да му диктираат на светот што да прави. Но ние можеме да преземеме ангажмани кон светот. Ние треба да играме лидерска улога, но заедно со нашите сојузници- рече Хејгл.

Министерот за одбрана истакна дека САД треба мудро да ја користат својата сила. – Ние имаме голема сила, но важно е како ќе ја примениме, истакна Хејгл.

На Хејгл му претстои да донесува важни одлуки, главно за војната во Авганистан, и за големината на мисијата на американските сили, кои претседателот Барак Обама ќе ги остави во земјата по завршувањето на воената мисија на НАТО во 2014 година.

Претходникот на Хејгл, Леон Панета, минатата седмица во Брисел со сојузниците на НАТО ја разгледа можноста Алијансата да остави во Авганистан меѓу 8.000 и 12.000 војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top