| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Македонија меѓусебно си ги признаа возачките дозволи

договор

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ, потпишаа договор меѓу двете влади за заемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.

– Овој договор ќе им овозможи на граѓаните да минуваат без посебни процедури од една во друга земја – рекол Стефановиќ по средбата со Јанкуловска, пренесува Танјуг.

Стефановиќ прецизирал дека договорот мора да биде ратификуван во Собранието на Србија за да стапи во сила и изразил очекување дека тоа ќе се случи набргу.

Министерката Јанкуловска потврдила дека договорот има конкретно значење за граѓаните на двете земји, посебно ако се знае дека многу српски државјани транзитираат низ Македонија на пат кон туристичките дестинации.

Таа оценила дека соработката на двете полиции претставува пример за одлична регионална соработка, истакнувајќи дека постојат многу полиња на кои таа е неопходна, имајќи ги предвид различните облици на криминал во регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top