| четврток, 6 декември 2018 |

Снимен телефонски разговор откри дека Сајмон Кауел е хомосексуалец

Simon-Cowell_X-Factor

 На судењето на Тулиса Контоставлос, поранешна водителка на Икс-Фактор, можеби е откриена големата тајна на нејзиниот поранешен шеф Сајмон Кауел.

Тулиса е обвинета дека на новинар на „Сун“, кој бил на тајна задача, му помогнала да обезбеди дрога. За време на судењето беше емитувана снимка од телефонски разговор меѓу поранешниот менаџер на Тулиса, Гарет Вареј и новинаот Махер Махмуд, пишува „Мирор“.

Кога Махер го прашува Гарет „дали Сајмон Кауел е геј“, тој одговара потврдно. Тогаш тој го прашува и „дали спиел со него“, а Гарет одговара: „Не, Сајмон не ме привлекува“.

– Како знаеш дека е геј, го прашува Махер, а Гарет му одговара дека „познава луѓе кои спиеле со Сајмон“.

Кауел засега не ја коментираше снимката.

Во февруари славниот продуцент првпат стана татко, кога неговата девојка Лорен Силверман го роди нивниот син Ерик. Нејзината бременост беше откриена минатата година кога нејзиниот поранешен сопруг и пријател на Кауел побара развод од неа, посочувајќи го Кауел како одговорен за распадот на нивниот брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top