Во малезискиот авион што летал на линијата Амстердам – Куала Лумпур имало 295 патници, а од нив дури 80 биле деца. Патниците биле од повеќе националности, меѓу кои 154 биле Холанѓани. Меѓу нив биле и група холандски научници.
Рускиот претседател, Владимир Путин, испратил телеграма со сочувство до холандскиот премиер Марк Рут.
Во меѓувреме, продолжуваат обвинувањата кој е виновен за соборувањето на авионот. Украина за несреќата ги обвинува проруските бунтовници, а Русија, пак, тврди дека леталото е соборено од украинските сили.
Американската разузнавачка служба потврди дека на малезискиот „боинг“ е истрелан проектил земја-воздух, но засега не се знае точно кој го направил тоа. Слична информација, повикувајќи се на безбедносни извори, објави и „Еј-Би-Си њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.