| четврток, 6 декември 2018 |

По 16 сезони, Икер Касилјас си оди од Реал

Икер Касилјас постигнал договор со претседателот Флорентино Перез да остане уште една сезона во Реал Мадрид, а потоа да си замине без обесштетување.

Според шпански АС, Икер Касилјас сакал уште оваа сезона да го напушти Реал Мадрид, но претседателот Флорентино Перез го наговорил да остане барем уште една сезона.

Перез му ветил на Касилјас дека по крајот на следната сезона ќе може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ без обесштетување со оглед на тоа што неговиот договор му истекува по крајот на сезоната.

АС додава дека Касилјас не е во најдобра ментална состојба и дека очајно бранеше на голот на шпанската репрезентација на Светското првенство во Бразил, а поради тоа дополнително загуби голем дел од неговите поддржувачи во Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top