| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска сончево претпладне, дождливо попладне

leten-dozd-10

И денеска слично време како и вчера. Според прогноззата на Метеопро локални врнежи се очекуваат на повеќе места низ земјата. Претпладне се очекува мала до умерена облачност, а втората половина од денот ќе помине во генерално нестабилно време. Попладне повторно ќе има развој на конвективна (купесто дождовна) облачност, која локално ќе биде проследена со грмежи и засилен ветер. Дел од венежите ќе продолжат и во текот на вечерта. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, генерално од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 20°С.

Температурата ќе биде слична на онаа од четврток. Максималната температура ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 33°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.

Во скопската котлина се очекува променливо време со услови за дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 30°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top